179
МВР информира дека вчера попладне во 13:20 часот во СВР Скопје, В.З.(20) од Скопје пријавила дека околу 12:20 часот на подрачјето на Центар, при излегување од автобус, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело личниот накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 18:00 часот во СВР Скопје, М.К.(48) од Скопје пријавила дека, додека се возела во автобус на подрачјето на Чаир, од чантата и бил одземен паричник со пари, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.