19
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, позитивно ја оцени средбата со рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ја „добар дијалог“.
– Тоа беше многу добар дијалог. Ние поставивме многу прашања. И тој постави многу прашања – рече Кушнер.
Средбата на Путин со Кушнер и со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф се одржа во Кремљ во саботата и траеше повеќе од три часа, според пишувањата на „Волстрит џурнал“.
По Москва, американските преговарачи го посетија Киев. Украинската медиумска мрежа ТСН објави дека официјалниот дел од разговорите се одвивал во неколку фази, а подоцна се приклучиле и претставници на Велика Британија, Франција и Германија.