Девојче (3) падна од трет кат од зграда во Белград

by irena 16:58
16:58

Денеска околу 15:45 часот во белградската населба Звездара, се случи несреќа при која девојче (3) паднало од третиот кат на зграда, дознава српски „Информер“.

Како што неофицијално дознаваат, за неа се грижела бабата (73), која за миг ја испуштила од вид.

– Девојчето се качило на креветот, го отворило прозорецот од собата, по што паднало на тротоарот – вели добро упатен извор.

Со возило на брза помош, таа била пренесена во свесна состојба во детската клиника во Тиршова.

Слични вести