269
Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.
Четворица се од Косово на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица се од Битола на возраст од 51, 41, 43 и 43 години и еден е од Штип на возраст од 59 години.
Од СВР Битола за МИА потврдиле дека лицата биле затекнати во дворното место на едно лице во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња.