Детската болница Козле остана без вода, за миење има цистерна, за пиење добива донации

by irena 12:30
12:30

Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата– Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти.

„Министерството за здравство ја следи состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа“, велат од МЗ.

Директорката на болницата Катерина Бошкова за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека функционират со цистерни со техничка вода која им ја донеле од ЈП „Водовод и канализација“.

„Засега функционираме, се примаат пациенти, единствено не работи лабораторијата за венска крв. Од цистерни имаме вода за миење и чистење, а за пиење добивме донации. Ни рекоа дека проболемот е тоа што сме во висока зона, а поради топлото време и големата потрошувачка се јавува недостиг. Се надеваме дека проблемот наскоро ќе се реши“, вели Бошкова.

Слични вести