Деца се обиделе да ограбат манастир на Попова Шапка

by irena 19:58
19:58

Четири деца од село во Скопско, кои биле дојдени на Попова Шапка на екскурзија, се обиделе да ја отворат металната каса за прилози во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ и да украдат пари, соопшти МВР.

„Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7 февруари пријавил во СВР Тетово дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози. Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Слични вести