Десет пожари денес од кои два сѐ уште активни

by irena 19:36
19:36

До 20 часот на 15 септември 2025 година, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, 2 се активни и тоа во општините Гевгелија и Долнени, додека пак 2 се ставени под контрола односно во Студеничани и Гази Баба, а 6 се целосно изгаснати.

Пожарите зафатија различни типови вегетација и отпад, вклучувајќи ниска вегетација, шума, ѓубре и електричен отпад. Надлежните служби и натаму работат на целосна локализација и санација на теренот.

Слични вести