Денеска на седница ќе се назначи в.д. државен јавен обвинител

by irena 07:19
07:19

Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка, откако минатонеделната седница на чиј дневен ред беше ставен изборот на заменик на Коцевски до изборот на нов државен јавен обвинител беше одложена поради отсутво на еден од членовите на Советот.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, минатата недела на 17 декември си поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција, а Советот на јавни обвинители седницата за определување на вршител на должноста државен јавен обвинител до изборот на наследник на Љупчо Коцевски првично ја закажа на 19 декември, но изборот беше одложен.

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата на 19 декември поради отсуството на членот на Советот, Јелена Догазанска Колева. Заради нејзиното отсуство, членот на Советот обвинителот Ермон Незири предложи да се одложи изборот на в.д. јавен обвинител на Република Северна Македонија, бидејќи, како што рече, тоа е значајно прашање и треба во полн состав да се избери в.д. јавен обвинител. Со ваквиот прелдог на Незири се согласија сите членови на Советот ја јавни обвинители.

Вршителот на должност јавен обвинител на Република Северна Македонија се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Должноста ќе ја извршува до именување на нов државн јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Слични вести