Младиот хрватски пејач – Јаков Јозиновиќ е најголемата атракција на музичка сцена во поранешна Југославија во изминатата година, иако има само дваесет години.
Тој неодамна го одржа својот прв концерт во Нови Сад, по неколкуте успешни во Белград, а идниот месец ќе одржи концерт и во Скопје.
Младиот хрватски пејач го освои целиот регион со изведбата на познати поп-хитови, како и неколку свои синглови.
Сепак, пред кариерата, неговиот живот изгледал сосема поинаку.
„Само пред три години работев на археолошки ископувања на +40 степени… После тоа работев во производство на свеќи, а потоа во овоштарници со сливи, берејќи овошје за дневница. Навистина работев насекаде“, рече тој.
Јаков популарноста ја стекна со изведување на туѓи песни, а особено беа забележани снимките на кои ги пееше „Оливера“ од Ѓорѓе Балашевиќ, но и повеќе песни од Здравко Чолиќ и Оливер Драгојевиќ.