Демонстранти пред судот во Њујорк бараат ослободување на Мадуро

by irena 17:54
17:54

Пред федералниот суд Даниел Патрик Мојнихан во Менхетен, каде што денес Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ќе се појават пред судијата, се собраа десетици демонстранти, барајќи ослободување на уапсениот венецуелски лидер.

Дел од толпата носеше транспаренти со пораката „Ослободете го претседателот Мадуро“, додека други демонстранти истовремено ги поддржаа потезите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела и го прославија притворањето на Мадуро.

Амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц на состанокот на Советот за безбедност изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „ѝ даде шанса на дипломатијата“ во Венецуела, тврдејќи дека Николас Мадуро „не е само обвинет дилер на дрога“, туку и „нелегитимен таканаречен претседател“ кој, како што рече, не е шеф на државата.

„Ако ОН и ова тело му даваат легитимитет на нелегитимен наркотерорист и го третираат исто како демократски избран претседател или шеф на држава, каква организација е тоа?“, рече Валц.

 

Слични вести