485
Во СДСМ во тек е седница на Централниот одбор на која се бира ново раководство на партијата.
До овој момент избран е претседател на Градската организација на СДСМ а тоа е Александар Давчевски.
За претседател на Централниот одбор избран е Герасим Лазов од Кавадарци.
За потпретседателка на партијата е избрана екс министерката Јована Тренчевска.
На седницата на ЦО треба да се изберат и новите членови на Извршниот одбор на партијата.