215
Дарко Митровиќ (24) успеа прв да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар во Скопје.
На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.
За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 граѓани.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.