Данела го ,,лицка” Ќосето на ден пред крајот на градоначалничкиот мандат

by valentina 13:07
13:07

Додека трае битката за градочалничката позиција на град Скопје, актуелната градочалничка Данела Арсовска, на самиот крај од мандатот го довршува својот проект, поставувањето на споменикот на Ќосето.

Денеска се забележува присуство на работници, кои го довршуваат постаментот и ја уредуваат површината околу споменикот.

 

Одлуката за враќање на споменикот беше донесена од Советот на Град Скопје во декември 2023 година. Актуелната градоначалничка Данела Арсовска уште во првите месеци од мандатот најави дека ќе го врати споменикот на Ќосето.

„Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава“, информираа тогаш од Град Скопје.

Споменикот на Ќосето беше првиот што беше отстранет од проектот „Скопје 2014“ во 2018 година, исто така во доцните ноќни часови, како што беше и првично поставен.

Слични вести