Обвинителството истражува можен нелегален транспорт на човечки ткива
Според обвинителството, сериозноста на овие обвиненија е голема, бидејќи се однесуваат на обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива. Ова покренува прашања за почитување на законските и етичките стандарди во експериментирањето со човечки биоматеријали. Заради тоа, е оформен предмет со цел да се испита дали може да се утврди постоење на елементи на кривично дело.
Овој предмет е предаден на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тие треба да преземат мерки за прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи.
Главниот фокус на истрагата е насочен кон утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, како и на можни пропусти или злоупотреби при добивањето на дозволи и согласности за таквите активности.