Во моментот кога бомба била фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње, пејачот, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата, српски дознава „Telegraf.rs“.
Според изворот, тие спиеле во моментот на детонацијата, а страшен звук ги разбудил не само нив, туку целото соседство.
Постарата ќерка на Чола – Уна, била единствената што не била дома во моментот на експлозијата.
Популарниот пејач и неговото семејство се преселиле во оваа вила пред година и пол, кога тој го продал имотот во Коштуњак. Имено, тој долго време живеел со сопругата и ќерките во Кутњак, во елитна населба.
Веднаш по пријавата, полициските сили ги блокирале приодите кон зградата, а истрагата ја спровеле на лице место припадници на МВР и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Форензичарите собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор за да го идентификуваат напаѓачот.