Честитка од Африм Гаши за Божик: Овој период нека послужи како поттик за заедничка одговорност

by irena 09:34
09:34

Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Божик упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.

-По повод православниот Божик, Собранието упатува искрени честитки до сите граѓани кои го одбележуваат овој празник. Овој ден претставува можност да се истакне значењето на меѓусебното почитување, соживотот и општествената хармонија, како темелни вредности врз кои се гради институционалната и демократската стабилност на државата, се наведува во честитката.

-Во мое лично име и во име на сите пратеници, ја изразувам желбата овој празник да донесе мир, здравје и благосостојба во вашите семејства. Нека овој период послужи како поттик за заедничка одговорност, разбирање и граѓанска соработка. Среќен Божиќ! – стои во честитката од Гаши.

Слични вести