Чекање до 30 минути на граничните премини – камионите се пренасочуваат кон Блаце

by irena 08:31
08:31

Утрово сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел, соопшти АМСМ.

Поради летните одмори зголемена е фреквенцијата на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце каде што се чека околу 30 минути.

На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Слични вести