Букет цвеќе од Орце за Данела – новиот градски татко на Скопје седна во фотелјата

by irena 16:11
16:11

Букет цвеќе пред малку доби сега веќе поранешната скопска градоначалничка – Данела Арсовска од нејзиниот наследник – новиот градски татко на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Двајцата денеска имаа куса средба на која што се изврши формалното примопредавањето на функцијата – Градоначалник на Град Скопје.

Ѓорѓиевски претпладнево од Градската изборна комисија го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола.

Данела Арсовска го заврши четиригодишниот мандат. На функција беше избрана во 2021 година.

Слични вести