Брнабиќ ги прати незадоволните Срби во Хрватска, Загреб возврати

by irena 19:29
19:29

Откако претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, во настап за ТВ Пинк ги обвини студентите во блокада дека поддршката ја добиваат од Загреб, а хрватскиот министер за економија Анте Шушњар ѝ одговори дека Хрватска е земја во која луѓето од Србија и без нејзин совет гледаат повисоки плати, помала невработеност и подобри можности за живот.

Брнабиќ оцени дека студентите во блокада, кои во изминатиот период организираат протести во Србија, не дејствуваат самостојно, туку, според нејзиното тврдење, добиваат насоки од странство. Во нејзината политичка рамка, главниот надворешен центар на поддршка е Загреб.

Таа изјави дека „блокадерите“ најголема поддршка добиваат од Хрватска и дека, според неа, стратешки интерес на Загреб е Александар Вучиќ да не биде на чело на Србија. Брнабиќ тврди дека Србија под Вучиќ ја престигнала Хрватска во БДП, инфраструктура и развојни проекти, па затоа, како што наведува, Хрватска има интерес Србија да не биде лидер на Балканот.

Во истиот настап, таа порача дека не ѝ е јасно како луѓе родени и израснати во Србија можат, според нејзиното тврдење, да работат за интересите на Хрватска. Потоа ја изговори реченицата што предизвика реакција во регионот: ако некому не му се допаѓа Србија, може да оди во Хрватска, бидејќи таму вратите се отворени.

Слични вести