1
Британскиот премиер Енди Бурнам најави дека ќе претстави опции за нови односи со Европската унија, вклучително и можноста Обединетото Кралство повторно да се приклучи кон блокот.
Бурнам смета дека Брегзит предизвикал „повеќе штета отколку корист“.
-Треба да видиме што е изводливо и кои се предностите и недостатоците на секое решение – изјави тој.
Бурнам рече дека најамбициозната опција е повторно зачленување во ЕУ.
Сепак, тој додаде дека сè уште не е време за нов референдум за Брегзит.