119
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови на гостувањето во Сараево кај Босна и Херцеговина. Пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Кошево“ беше тест за двајцата селектори.
За БиХ ова беше последна контрола пред својата публика пред заминувањето за Канада, каде оваа селекција ќе игра на Светското првенство.
Македонија пак, повторно ќе биде спаринг „партнер“ на селекција која ќе игра на Мундијалот. Веќе во понеделник, нашата селекција во Истанбул ќе игра против Турција.
фото: ФФМ