Борбата со пожарот во Чучер Сандево продолжи и изутринава

by irena 08:27
08:27

Во земјава регистрирани се неколку пожари.

Борбата со пожарот во Чучер Сандево продолжи и изутрината.

Во гаснењето ангажирани и два хеликоптера, а во текот на измината ноќ екипи дежураа на терен.

Зафатена е густа мешана шума и ниска вегетација.

Пожарот на Блаце го затвори патот и граничниот премин, но од вчера попладне сообраќајот повторно е нормализиран.

Општината Чучер Сандево свика вонредна седница поради големиот пожар што ги зафати селата Чучер, Бразда, Глуво, Кучевиште, каде што огнот беше во близина на куќи. Советниците побараа прогласување вонредна состојба.

Пожари има и во Дојран, Македонски Брод, Прилеп, Чашка, Крива Паланка, Делчево.

Слични вести