Бившото момче кое во Велес ги уби девојката и татко и, а потоа се самоуби, им се заканувало неколкупати

by irena 18:17
18:17

Крвавата драма која се случила попладнево во Велес кога момче ги избодело прво неговата девојка, потоа татко и на крај си пресудило и на себес си, ја потврди СВР Велес за „Фокус“.

– Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.
Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, информираа за „Фокус“ од СВР Велес.

Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат но не успеале. Потоа, исто така, примено е и момче на кое не можело да му се укаже лекарска помош бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт, изјави д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес за „Дума.мк“.

Неофицијално жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.

О.К.

Слични вести