Димитар Апасиев – лидерот на политичката партија Левица со свој коментар за заканите по живот кон скопската градоначалничка – Данела Арсовска. Заканите започнаа откако таа почна да обелоденува за наводен криминал со дивоградби со скопската општина Чаир.
„Бивши команданти на УЧК и се закануваат по живот и фамилија на градоначалничка на главен град во земја-членка на НАТО, а полицијата и Обвинителство мува не ги лази!? А пред некој месец, УАПСИЈА некој пијаница шо го пцуеше нивниот вмроиден градоначалник на Кавадарци!? Ова ли е тоа „владеење на правото” шо го викаат Мицика и Панче Тошковски?“ – објави Апасиев.
Градоначалничката вчера објави дека и се заканува лице кое е потпишано како „Командант Ламши“.
– Нов ден, нов командант, нови закани – напиша Арсовска на Фејсбук.
„Стопирај ја муцката да не ти ја стопирам јас, што значи кога командувам, биди сигурна дека ниту Господ ниту Алах нема да те спасат…“, се вели меѓу другото во заканата до Арсовска.