Битолчанецот со нож ја усмртил сопругата

by valentina 11:35
11:35

По убиството во Битола, кога утринава маж ја убил сопругата, од обвинителството информираат дека е издадена наредба за обдукција.

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот. Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира јавноста, велат од Обвинителството.

Од СВР Битола потврдија дека се работи за семејно насилство.

-Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А. Р. (33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А. В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР.

Слични вести