139
МВР информира дека вчера вечерта во 20:40 часот во СВР Битола И.Д.(42) од Битола пријави дека на крстосницата на ул. „Партизанска” со ул. „Никола Тесла” во Битола, била удрена од возило, при што се здобила со повреди, а потоа возачот излегол од возилото и физички ја нападнал, по што го напуштил местото на настанот.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за расчистување на случајот, при што е констатирано дека се работи за патничко возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.М. од Битола.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.