Битолчанец (58) загина на магистралниот пат Градско – Прилеп

by irena 12:20
12:20

Познат е идентитетот на загинатиот возач на камион во сообраќајната несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп.

– На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај село Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, информираа од битолската полиција.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Слични вести