240
Тело на женско лице денеска претпладне било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек.
Се очекуваат повеќе дедали за случајот од надлежните институции подоцна во денот.