163
За корисниците од ул.„Капиштец“ бр. 21 за денеска од 9 часот е најавен прекин во снабдувањето со вода.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на ул. „Капиштец“ 21, а ќе трае до завршување со санацијата.
Поради најавени технички зафати, денеска, пак, без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од улицата 1519 во населбата Каменик, во општина Кисела Вода.