185
Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 15.00 часот ќе останат корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река во Општина Студеничани, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Струја од 09.00 до 12.00 часот ќе немаат и дел од корисниците од ул.Метохиска во Општина Шуто Оризари, а од 09.00 до 14.00 часот и дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата во Општина Карпош.