Бајрам Реџепи негира дека договараат соработка со Левица за втор круг

by irena 17:00
17:00

Кандидатот за градоначалник на Тетово на НАИ – Бајрам Реџепи негира дека имало средба меѓу претставник на Алијансата и кандидатката на Левица – Катка Божиновска, наведувајќи дека фотографиите што кружат на социјалните мрежи се невистинити.

Реакцијата на Реџепи доаѓа откако од таборот на Билал Касами ги повикаа жителите на општините Тетово, Дебар и Струга и на секоја друга општина каде Албанците се мнозинство дека гласот што на 2 ноември ќе го дадат за НАИ е всушност глас за Левица.

Како доказ за наводната предизборна комуникација меѓу ДУИ и Левица, од ВЛЕН ја посочија фотографијата објавена во дел од медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска.

Реџепи, вели дека станува збор за целосно невистинити и злонамерни наводи, со јасна пропагандна заднина.

„Сакам да ја информирам јавноста дека фотографиите што кружат на социјалните мрежи, поврзани со една изборна средба, како и начинот на кој тие тенденциозно се толкуваат во некои медиуми, се целосно невистинити, злонамерни и со јасна пропагандна заднина“, вели Реџепи во писмената реакција.

Слични вести