Автор во фокус-Орхан Памук: Книгите од најпознатиот турски автор на попуст од 30 % во „Литература.мк“

by vlatko 19:24
19:24

„Автор е некој што трпеливо со години се обидува да го открие второто битие во себеси и светот, што го прави она што е: кога зборувам за пишување, она што прво ми паѓа на ум не е роман, песна или литературна традиција, туку личност што се затвора во соба, седнува на маса и сам, се свртува кон себе; меѓу своите сенки, тој гради нов свет со зборови…“

Со овој цитат од најпознатиот современ турски писател и добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година – Орхан Памук, ја најавуваме новата кампања на „Литература.мк“ – „Автор во фокусот“. Во рамки на оваа продажна акција, секоја недела ќе се фокусираме на еден автор и на неговите книги во издание на „Арс Ламина“. Целта на оваа акција е подобро претставување на авторите, како и можност читателите да си ја збогатат домашната библиотека со нивни книги – со попуст.

Прв автор во фокусот на „Литература.мк“ е токму Орхан Памук, чии романи: „Истанбул“, „Белата тврдина“, „Нов живот“, „Жената со црвена коса“, „Се викам Црвена“ и „Ноќи на чума“ (сите во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“) ќе бидат достапни со попуст од 30% во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на Производи | literatura.mk.

Акцијата ќе трае од 16 до 20 јули.

*Со купување сет книги од авторот во фокусот – Орхан Памук – следува подарок  кафе во Café Literatura!

Слични вести