1
Бизарна сообраќајна несреќа се случи вчера попладне во Анкаран во близина на Копер, Словенија, каде што 79-годишен возач со автомобилот удрил во стан на приземје и завршил во дневната соба. Во автомобилот бил и 78- годишен сопатник, кој заедно со возачот, биле пренесени во болница.
Според информациите од словенечката полиција, несреќата се случила кратко пред 17 часот.
Возејќи од правец на Хрватин кон Анкаран, 79-годишниот маж продолжил право по свртување десно од непозната причина, преминал преку тревна површина и пристапниот пат и удрил во станбена зграда на улицата Регентова.
Автомобилот пробил дел од фасадата и дрвената конструкција на станот на приземје и завршил во дневната соба со предниот дел.