1
МВР информира дека вчера попладне во 18:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Лек Дукаѓини“ и ул. „Клинска Леса“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(22) од Скопје и електричен тротинет управуван од 11-годишен малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил шестгодишен сопатник од тротинетот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.