Автомобил со македонски регистрации се преврте во Србија, има загинати

by irena 09:14
09:14

Страшна сообраќајна несреќа се случила утринава кај Хоргош, во близина на српско – унгарската граница, јавуваат српските медиуми.

Според информациите, едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила околу 5:15 часот наутро на автопатот, движејќи се во правец на Хоргош.

Медиумите јавуваат дека возачот на автомобил „киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот, по што возилото се превртело.

Возачот е тешко повреден и е однесен во Општата болница во Суботица, додека сопатникот починал на самото место.

Истрагата ја спроведоа обвинителот на Основното јавно обвинителство на Суботица и сообраќајната полиција.

Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај.

Слични вести