Српскиот фолк пејач Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Митровиќ најавија прес конференција на која ќе објаснат дека притворањето на Лукас е од приватни причини.
Двајцата тврдат дека Аца Лукас ги имал сите потребни документи.
„Па не бев уапсен воопшто, бев замолен да одам во полиција а и сега не знам зашто бев приведен навистина. Сите документи беа регуларни, и не беше процедурата поинаква од онаа која ја имавме досега на сите настапи но некому му застанавме на жуљ. Некој да ја користи својата позиција која ја добил од народот за да се пресметува со луѓето за свои приватни работи тоа е противзаконски, а и дегутантно и одвратно“, рече Аца Лукас.
Двајцата најавија концерт на 20 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, а комплетниот приход од концертот најавија дека ќе го однесат лично на семејствата на настраданите во Кочани, а ќе ги платат и плус трошоците кон државата.
Најавија дека ова ќе биде само една од донациите кои ќе продолжат да ги даваат во Кочани.
„Бидејќи се најавуваме сега дека ќе дојдеме, ќе дадеме се во добротворни цели, Господа од Владата да не се секираат ќе ги имаме апсолутно сите документи како што ги имавме и досега, дури и тоалетна хартија ќе понесеме да не помислите дека некој документ фали – најави пејачот.