„Atelier Freya“ – македонски филигран од чисто сребро, префинет дизајн и тивка елеганција

by irena 08:59
08:59

Рачна изработка на македонски филигран од чисто 999 сребро, со впечатливи детали, многу љубов и посветеност – совршен спој на минималистична елеганција, префинет дизајн, јасно дефиниран стил и доминирачка енергија.

Ова е спој преточен од идеја до готов производ, креиран од рацете на Ивана Мицевска – Ристовска – „Atelier Freya“.

Во нејзиниот креативен опус впечатлива е пеперутката збогатена со природен бисерен камен чија површина ја менува бојата со секое движење на светлината.

Рачно изработува приврзоци во филигран техника збогатени со природен опал со суптилен сјај.

Прави комбинација на чиста линија и уметнички израз, уникатен дизајн со тивка елеганција.

Го користи и лабрадоритот кој внесува длабочина и карактер, додека среброто додава на прецизност и присуство.

Дизајнот говори со префинетост, создаден за љубителите на суптилниот луксуз.

Оваа уметност во мали димензии, со извртена сребрена жица дава скулптурална текстура на украсниот накит со уметнички финиш, дизајниран да биде траен и впечатлив.

Инспирацијата неретко доаѓа од раскошот на минатите векови, со естетиката на ренесансниот и барокниот дух.

Рачните изработки се создадени за оние кои знаат да носат уметност со достоинство – „Atelier Freya“.

 

Слични вести