Арсовска до министерот Николоски: Имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со реалните закани

by irena 10:05
10:05

„Сега откако цела Македонија виде ДЕКА ТИ господине министер Ацо Дубаи Николовски ИМАШ НАДЛЕЖНОСТ ДА РУШИШ ДИВОГРАДБИ, исто како и твојот колега ВИСАР ГАНИУ, А НЕ ЈАС, знаеш ли што би било морално, етички и праведно да направиш? Да не се занимаваш со рушење на викендички во Охрид, Струга, Дебар, Делчево и Македонска Каменица“ му порача градоначалничката на Скопје на вицепремиерот и министер за транспорт и врски – Александар Николоски.

„ДА СИ ПОЧНЕШ таму каде постои РЕАЛНА ЗАКАНА ПО БЕЗБЕДНОСТА И СИГУРНОСТА на граѓаните, кои живеат во страв во Чаир дека било која од тие 150 незаконски и небезбедно изградени згради од 12 спрата може да им се срушат врз глава и потоа ДА ГИ ОБЕШТЕТИШ зошто сте го дозволиле истото“ пишува Арсовска на Фејсбук.

Слични вести