По денешниот физички напад во Чаир, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска замина на лекарски преглед во ГОБ „Осми Септември“.
По излегувањето од болницата, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изјава за медиумите обелодени дека била нападната на подрачјето на општина Чаир откако со нејзиниот тим излегла на терен по пријава за бесправно градење.
„Физички ме нападна со тепање, со замавнување, со клоци, со закани од најдолен вид, за силување, за мене, за семјството пред очите и ушите на полицијата. Наместо да го приведат, му дозволија пола час да навредува, се собраа десетина луѓе, плукаа. Ја нападнаа и советничката и секретарот на Градот“ рече Арсовска.
Арсовска посочи дека „напаѓачот се јавил на 20 луѓе во МВР за да им каже што ќе ми правел на мене и моето семејство“.