Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска избрани за членки на Судскиот совет

by irena 16:09
16:09

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет.

Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет.

Претседателката Сиљановска – Давкова нагласи дека реформите во правосудството треба да ги предводат личности кои се препознатливи и докажани во својата област.

Сиљановска-Давкова посочи дека двете кандидатки не ги предложила затоа што се жени, туку пред сè поради нивната стручност и компетентност.

Според неа, регрутирањето лица посветени на правото, стручни и компетентни во областа, ќе придонесе за воспоставување исти критериуми и при изборот на судиите, зголемување на нивната одговорност, како и за добивање аргументирани извештаи од Судскиот совет со конкретни предлози за надминување на проблемите во правосудството, што ќе значи исчекор во реформите.

Слични вести