Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени сме и за војна

by irena 16:08
16:08

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи порача дека Техеран е подготвен и за дипломатско решение и за воен конфликт, додека, според него, САД се тие што бараат војна.

Во разговор со ирански новинари во понеделникот, Арагчи говореше за неговата посета на Њујорк и за ставот на Иран во однос на војната, со посебен акцент на Ормутскиот Теснец.

Тој рече дека постојат услови што ги поставил врховниот лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, и дека тие услови мора да бидат исполнети за да биде отворен Ормутскиот теснец.

Според Арагчи, Иран има намера овие услови да им ги пренесе на САД, но и на останатите земји и на меѓународната заедница, со цел, како што наведе, да биде јасно дека Техеран има план и дека неговите услови се „целосно фер и логични“.

Иранскиот министер оцени дека Иран, и покрај, како што наведе, притисоците и војните со кои се соочил, има јасен став и решение што го нуди преку дипломатијата.

Тој додаде дека иранскиот план, познат како план од седум точки, преку катарски посредник бил пренесен до американската страна. Арагчи рече дека Иран го очекува официјалниот одговор од САД преку посредникот.

Слични вести