АПИС бара да биде активно вклучен во изработката на новиот Закон за игри на среќа

by valentina 12:19
12:19

Ние сме претставници и на реномирани странски компании од ЕУ и најмалку што очекуваме е да бидеме третирани од државата во која инвестираме со години на ист начин како и другите странски инвеститори, вели Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа.

„Станува збор за општествено одговорни компании кои целосно го штитат јавниот интерес и неселективно ги спроведуваме законските норми. Ние како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина нарачавме обемно истражување, кое ни потврди дека во нашите објекти влегува 3 проценти од полнолетната популација, традиционални играчи, кои претходно си ја пробувале среќата на запад. Одговорно тврдиме дека постојат повеќе опции заштитата на младината да биде уште повеќе зајакната, а државата да ги остварува и понатаму буџетски приливи. Сакаме да бидеме активно вклучени во изработката на новата регулатива, не сме против нови законски одредби кои ќе одговорат на грижите на јавноста, но сакаме да зборуваме за одржливи решенија а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос“, вели Стоименов.

Тој додава дека клучната порака на Асоцијацијата е дека играњето на игри на среќа е забава и никогаш не може да биде модел за редовен приход и заработка!

Слични вести