Апелација ја одби жалбата на Јовановски, кој беше осуден дека ја навел сопругата на самоубиство

by vlatko 22:42
22:42

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој беше првостепено осуден дека ја навел сопругата Ивана Јовановска на самоубиство.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.6.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.551/26 од 7.5.2026 година“ соопшти Апелациониот суд.

Од Судот најавуваат дека ќе биде објавена целата одлука.

На 2 март Ивана Јовановска се фрли од 6 кат во скопската населба Тафталиџе, понесувајќи ја во смрт и 6-годишната ќерка Катја.

Кривичниот суд во мај го прогласи за виновен обвинетиот Јовановски и му изрече максимална казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Слични вести