Апел за помош: Седум деца од тетовско Сиричино живеат во тешки услови, потребна е хуманитарна поддршка

by irena 18:25
18:25

Во тетовското село Сиричино седум деца живеат во исклучително тешки услови и им е потребна итна хуманитарна помош за подобрување на основните услови за живот.

Според информациите споделени од граѓански активисти, семејството се соочува со сериозни социјални и материјални проблеми. Домот во кој живеат децата е во лоша состојба, со влага и оштетени ѕидови, без основен мебел и со минимални услови за секојдневно функционирање.

Како што се наведува во апелот, родителите се во тешка животна состојба и не се во можност самостојно да обезбедат стабилни услови за грижа и воспитување на децата. Седумте малолетници, и покрај околностите, продолжуваат да одат низ секојдневие исполнето со недостаток на основни потреби.

Во моментов, приоритетни се храна, облека, мебел, како и реновирање на просториите за живеење – вклучително поправка на ѕидови, поставување под и обезбедување кујнски услови.

Од страна на организаторката на иницијативата е најавено дека ќе се координира целосна хуманитарна акција за подобрување на условите за живот на семејството, а граѓаните се повикуваат да се вклучат со донации или материјална помош.

За дополнителни информации или вклучување во акцијата, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 078-223-095 или преку инбокс на социјалните мрежи.

Организаторите апелираат јавноста да не остане рамнодушна и да помогне во обезбедување достоинствени услови за живот на седумте деца.

Слични вести