Апасиев: Цело УМС го вработиле во Собрание, им викаат добар ден само на пратеници од ВМРО

by irena 10:35
10:35

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев повторно обвинува за партиските вработувања во државните институции. Апасиев преку објава тврди дека најголемата владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ ги вработува членовите на својот подмладок во Собранието.

„Цело УМС у Собрание го вработија, како стафери. А знаете по шо ги познаваме? Не викаат добар ден на никој по ходници, освен на вмровски пратеници!? Тугоооо“, порачува пратеникот.

 

Слични вести