Пратеникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ е кандидат на партијата за градоначланик на Скопје, а по тој повод се огласи и лидерот на партијата, Димитар Апасиев.
„Само ЧАИРЧАНЕЦ може да го спаси Скопје!“, сподели тој, со фотографија со Мециновиќ.
Мециновиќ кажа кои ќе бидат негови приоритети, потсети дека бил и советник во Градот.
Посебен фокус стави на јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.
„Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси“, рече Амар Мециновиќ.
Aмар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје од Левица