Апасиев: Јавните сослушувања во парламентот треба да станат пракса!

by valentina 08:52
08:52

Јавните сослушувања во парламентот, пред назначување на некоја висока државна функција, треба да станат пракса во Македонија – особено при изборот на уставните судии, вели пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

-Гледате како после јавната бламажа на анонимната кандидатка за член на Антидискриминаторската комисија – која покажа елементарно непознавање на материјата, па кога беше прашана за Истанбулската конвенција, зборуваше за убавините на градот Истанбул (!?) – истата ја повлече својата кандидатура под притисок на стручната фела и јавноста.
Ви тврдам дека 2/3 од актуелните уставни судии, вака јавно да ги распрашаме за Европската конвенција за човекови права на Советот на Европа и за Европскиот суд за човекови права – ќе почнат да ни раскажуваат за убавините на градот Стразбур, кога биле на некоја екскурзија, службено, вели Апасиев.

Слични вести