На денешното излагање на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, по предлогот на пратеничката група на Левица за здравствено осигурување на невработени лица тој обвини дека сегашниот модел ги фаворизира богатите, додека за сиромашните речиси и да не постои.
„Здравјето е дефинирано како потполна физичка, психичка и материјална благосостојба. СИРОМАШТИЈАТА е болест по дефиниција. Сиромашните умираат, богатите се лечат. Ете, тоа го воведе ДПМНЕ како систем. И сега ми текнува на една парола за време на протестите на хонорарците, која беше многу интелигентна и викаше вака: ‘НЕМАМЕ ПАРИ за погреб, тоа нè држи во живот’. Во оваа транзициска пауперизација на народот, ние воведовме таков парадокс, да кучињата и мачките, како домашни миленици на богаташите, имаат поубави услови да се лечат, отколку нашите РАБОТНИЦИ кои ги градеа фабриките и го градеа сè она што вие десничарите од времето на Тито не можете ни да го искречите. Оттука, не знам дали сфативте колку е важен овој закон, но ако не го усвоите, фрлете им ја медицината на кучињата, оти таа и онака веќе не е за сиромашните“, е дел од говорoт на Аапсиев.
Од Левица информираа дека пратениците од власта одбиле да го гласаат овој предлог.