Анита Тополова-Исајловска е избрана за в.д. државен јавен обвинител

by irena 12:04
12:04

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја именуваше Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Таа го заменува Љупчо Коцевски, кој минатата недела поднесе неотповиклива оставка, а на денешното гласање Тополова-Исајловска беше единствениот кандидат за функцијата.

Според законските одредби, таа ќе раководи со Јавното обвинителство до избор на нов државен обвинител, но не подолго од шест месеци. Тополова-Исајловска доаѓа од редот на обвинителите во републичкото обвинителство и има долгогодишно искуство во правосудниот систем.

Првично, изборот беше одложен минатата недела поради отсуство на член на Советот, за одлуката да се донесе во полн состав.

Слични вести