Десничарската Алтернатива за Германија (АфД) убедливо ќе победи на изборите во германската покраина Саксонија Анхалт, покажуваат резултатите од првичните излезни анкети. Според нив, АфД добила 44 отсто гласови што претставува раст од, речиси, 24 отсто во споредба со претходните избори.
Христијанско-деморатската унија (ЦДУ) доживеа фијаско, осовјувајќи само 18,5 отсто од гласовите. Трета е Левица со 9,5 отсто освоени гласови, Зелените освоија 9 отсто, СПД – 8, итн.
Алтернатива за Германија со главниот кандидат Улрих Зигмунд се стремеше за освојување на апсолутно мнозинство во покраината во која е дефинирана како противуставна организација и за поставување на прв премиер од своите редови. Првичните анкети покажуваат дека ФДП со два отсто гласови не го мина изборниот праг, поради што продолжување на актуелната владеачка коалиција ЦДУ/СПД/ФДП е невозможно.
Со оглед дека сите партии со шанси за влез во парламентот одбија соработка со АфД, една од можните сценарија што се споемнуваа пред изборите беше коалиција на ЦДУ, СПД и Зелените кои би имале поддршка од Левица.